Ким Кардашијан ја објави првата слика со новото момче: Разменуваа нежности на хотелскиот под

popara13 март, 20221min00
kim-kardasijan-830x0

Кардашијан ужива во новата љубов откако неодамна официјално се разведе од раперот Канје Вест

Ријалити ѕвездата и старлета Ким Кардашијан (41) на социјалните мрежи ја официјализираше врската со комичарот Пит Дејвидсон (28).

Кардашијан за прв пат објави фотографија со Пит, а со кадрите стави до знаење колку го сака новиот партнер. Тие позираа во хотел, а објавата предизвика бројни реакции.

На една од фотографиите, Пит седи во скутот на Ким и го кренал погледот кон неа, додека таа го бакнува. На следната слика тие двајца само се смешкаат среќно и заљубено во камерата.

– Чија кола ќе ја земеме? – напиша Кардашијан со фотографиите кои имаат речиси 5 милиони лајкови, а реагираше и нејзината сестра Клои Кардашијан која напиша: „Го сакам ова“.

Инаку, Ким неодамна во едно интервју изјави дека можеби ќе ги открие деталите од врската со Пит во наредните сезони на серијата за нејзиното семејство.

kim-kardasijan-3-830x0
kim-kardasijan-1-830x0
kim-kardasijan-2-830x0
kim-kardasijan-4-830x0

– Не сум снимала со него и не ми пречи тоа. Пит едноставно не е за тоа, но кога би биле заедно некаде, тој сигурно не би рекол дека камерите треба да се тргнат. Мислам дека би можела да снимам нешто возбудливо, но тоа не би било за оваа сезона. Во оваа сезона гледачите сигурно ќе видат како се запознавме, кој кај кого дојде и како сето тоа се случи. Сите детали кои сите сакаат да ги знаат – изјави Ким за Variety.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma