Со помош на чудотворни трикови, мали тајни и кратенки, можете да направите се без многу напор
Иако малкумина сакаат да се занимаваат со домашни работи, факт е дека тоа е нешто за кое немаме многу избор. За некои, всушност, предизвикуваат вистинска главоболка.
Сепак, со помош на чудотворни трикови, мали тајни на домаќинките и кратенки, можете да направите се без многу труд.
Повеќето бањи денес имаат туш кабини, но бигорот, влагата и мувлата се задржуваат, па стаклото изгледа валкано и неуредно.
За да го избегнете ова, користете комбинација од состојки кои прават моќно средство за чистење.
Комбинирајте 150 милилитри алкохолен оцет, 50 милилитри детергент за садови и 100 милилитри вода. Истурете ја течноста во шише со распрскувач и испрскајте го стаклото.
Истријте со сунѓер, а потоа исплакнете со млака вода и избришете сè со сува, памучна крпа.
Резултатот ќе биде повеќе од задоволителен.