Карди Би го откри рецептот за нејзината БУЈНА коса: Тајната е во ОВИЕ состојки и длабоката хидратација

popara14 март, 20221min00
Kardi-B

Бидете доследни и наскоро ќе видите резултати

Најдобрите работи секогаш доаѓаат од природата, а тоа го докажуваат познатите луѓе кои не користат скапи производи и третмани кога е негата во прашање.

Освен што е позната по своите специфични песни, Карди Би е позната и како некоја која се грижи за својот изглед, а особено за косата. Популарната раперка откако се појави во јавноста носи перики во разни бои, а во повеќето случаи, како што вели, ги става за да не ја оштети природната коса.

– Со години ја гледав косата и никогаш не ја надминуваше должината на моите раменици, а мислев дека правам се како што треба. Се додека не открив дека тајната на растот на косата е во нејзината темелна хидратација. Бев упорна и дисциплинирано ја „хранев“, а резултатите се тука – вели Карди.

Само неколку минути по нејзината изјава, фановите побараа да ја открие тајната на здравата и бујна коса. И покрај славата, Карди вели дека е свесна дека многу девојки немаат можност за скапи фризерски услуги, па со задоволство го сподели рецептот за нејзината маска за коса.

Како што вели, секојдневно темелно ја чешла косата, а еднаш неделно ја храни косата правејќи маска од храната што ја има дома.

– Обично е едно авокадо кое го мешам со две јајца, една лажица мајонез и рицинусово масло. Сите состојки убаво ги мешам и рамномерно ги нанесувам по целата површина на косата и оставам да отстои малку, по можност неколку часа, колку подолго толку подобро – откри Карди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma