ТРИ луди начини да се ослободите од НЕСОНИЦАТА

popara14 март, 20221min00
75f2021dfb3358435e5590b018c301c8f32348a2

Ако се борите со несоница, пробајте ги овие начини за да заспиете што е можно полесно.

Проблемот со несоницата е чест и крајно непријатен. Експертите веруваат дека секој трет возрасен повремено се бори со несоница во текот на својот живот. Меѓутоа, ако класичните начини кои ги практикувате за полесно да заспиете не помагаат, а не сакате да пиете апчиња за спиење, ова се некои од необичните начини кои, според истражувањата, покажале успех…

Купете свеќи од лаванда

Не само што свеќите од лаванда се украсни, туку, како што покажуваат истражувањата, мирисот на лаванда има многу смирувачки ефект и може да биде токму она што ви треба за мирен сон.

„Хафингтон пост“ објави дека мирисот може да има посебен ефект врз квалитетот на сонот и дека луѓето кои мирисале лаванда пред спиење не само што спијат подобро, туку и се чувствуваат поенергично наутро.

Правете меурчиња од плунка

Меурчињата не се само детска забава, тие всушност имаат хипнотички ефект кој може да ви помогне да заспиете. Д-р Рејчел Мари Е. Салас, професорка по неврологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Џон Хопкинс, вели дека правењето меурчиња како чин и вежба за дишење помага да се смири и забави работата на срцето и да му помогне на умот да се фокусира за полесно да влезе во фаза на сон.

Свртете ја перницата

Доколку сето ова не функционира, можете да го испробате овој трик – вртење на перницата. Свежата постелнина има благотворно дејство на жешките образи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma