Таа позираше гола, а не покажа ништо.
Манекенката Емили Ратајковски го прослави Денот на жената со провокативни фотографии на својот Инстаграм профил, а на сите позира без облека. Во серијата нејзини разголени фотографии таа го објави и својот мал син Силвестер Аполо Бера. Таа го роди своето мало синче минатата година на Денот на жената, па ја искористи оваа прилика да си го честита овој важен датум.
– Среќен роденден на Силвестер, среќен ден на породувањето за мене и среќен ден на жената на сите нас – напиша таа.
На фотографиите Емили позира во када и на розова фотелја, а најголемо внимание привлекоа трудничкиот стомак и градите кои ги држеше во раце.
„Прекрасна си, мајка и кралица“, „Емили, беше совршена трудница“, „Колку беше убав тој период, се најдобро на твоето момче“ – напишаа нејзините следбеници во коментарите, а нејзината објава собра речиси два милиони лајкови.