Дали сте слушнале за “barre”? Комбинација на балет, јога и пилатес идеална за обликување на телото

popara15 март, 20221min00
balet-830x0

Веројатно сте пробале различни видови на фитнес, тренинзи… и многу е можно да сте уморни од истите или слични вежби. Доколку сте паднале во „маѓепсаниот круг“ на истите движења, тогаш barre е идеалното решение за вас.

Barre е метод на вежбање инспириран од елементи на балет, јога, пилатес и аеробик базиран на танц. Вежбите се дизајнирани да се фокусираат на различни мускулни групи секој пат, давајќи ви можност да го обликувате вашето тело до совршенство.

На часовите по баре, вежбите најчесто се изведуваат на barre, дрвена балетска шипка, па оттука и името на овој вид вежба.

Предности на barre

Ако се прашувате дали и како функционираат баре часовите или дали баре техниките се доволни за да ви овозможат обука која ќе ви помогне да ги постигнете посакуваните резултати, треба да знаете дека баре пред се е многу забавно.

Во овие тренинзи постојат одредени вежби кои ги зајакнуваат градите и рамената со минимален напор, а една од интересните работи кај шипката е тоа што не постои само еден вид на оваа активност. На пример, баре фузијата комбинира баре и пилатес техники со кардио вежби.

Тренинзите на barre ги освоија и спортистите и рекреативците, а манекенките го практикуваат како редовна физичка активност.

Баре тренинзите можете да ги правите и дома

Ако правите вакви вежби дома, не ви треба посебна опрема. Столот или ѕидот на кој се потпирате ќе бидат доволни.

Сè што треба да направите е да изберете вежби врз основа на опремата и просторот што го имате на располагање и да тестирате колку barre влијае на доброто држење, добрата линија и доброто расположение.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma