Мета била пејачката Сања која останла во чудо од целата ситуација
Членовите на групата „Харикејн“ доживеале непријатност на настап кога еден од гостите се качил на бината и и го грабнал микрофонот од рака на Сања Вучиќ.
Во прилог на овие тврдења е видео кое кружи на социјалната мрежа „Твитер“, кое покажува што точно се случило. Во коментарите многумина ја осудија постапката на ова момче, која воопшто не е соодветна.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
– Не! Ова не е смешно и не е во ред! Ова е само една во низата непријатности кои пејачите ги доживуваат за време на настапите… Исто така, некој лик може да им пријде и да ги нападне… Каде е обезбедувањето, прашувам? – пишуваше во објавата.
Бидејќи обезбедувањето не реагирало веднаш, Сања само чудно го погледнала момчето и не направила ништо, иако нејзиниот израз покажува дека не и било удобно.