ЦЕЛ ПОРТОКАЛ ИЛИ ЦЕДЕН СОК? Нутриционист открива што е ПОЗДРАВО – ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ! (ФОТО)

15 март, 20220
667021_pomorandza_ls (1)

За нашето тело е покорисно да се излупи и изеде портокал отколку да се пие неговиот сок

Портокалот е медитеранско овошје, богато со витамини Ц и К, а е и добар антиоксиданс. Ја подобрува работата на мозокот и е многу важен во исхраната на трудниците, бидејќи содржи фолна киселина.

Но, додека порано уживавме во сочните парчиња портокал најмногу во зима, денес од ова овошје пиеме свежо подготвен сок преку целата година.

Дали навистина правиме нешто добро за нашето здравје или се лажеме?

Одговорот на ова прашање го дава Душанка Лачмановиќ, специјалист нутриционист-диететичар и санитарен инженер.

– Најздраво е овошјето да се јаде свежо, во период кога е сезона – вели таа.

– На нашиот организам покорисно му е да изеде излупен портокал отколку да го пие неговиот сок. Ако се прашувате зошто, одговорот е едноставен: белиот слој под кората од портокал содржи најголема концентрација на витамин Ц. За жал, повеќето луѓе ја отстрануваат белата мембрана кога лупат портокал, бидејќи не знаат дека тоа е најголемата ризница на скапоцениот витамин.

Исто така, во белиот слој помеѓу кората и овошјето има биофлавоноиди кои дополнително ја помагаат апсорпцијата на витаминот Ц.

<p>Za naš organizam korisnije je da oljuštimo i pojedemo pomorandžu nego da popijemo njen sok</p>

Открива и дека кората од портокал е исклучително здрава и советува како да ја подготвите за консумирање:

– Во 250 милилитри вода истурете три рамни лажици сол и три лажици сок од лимон, па во таа смеса потопете го целиот портокал. Оставете го да отстои половина час, а потоа извадете го овошјето, измијте го под млаз ладна вода, исечете го со кората и послужете. На овој начин ќе внесете во телото се што природата „спакувала“ во ова моќно овошје.

Но, дури и љубителите на цеден портокал не мора да се откажат од омилениот овошен сок. Нутриционистката потсетува дека најдобро е да се пие цеден портокал после ручек, бидејќи киселините со кои е богат овој сок, доколку се земаат на празен стомак, можат да им наштетат на луѓето кои имаат проблеми со дигестивниот тракт.

– Одвреме-навреме не е лошо денот да го започнете со цеден сок од портокал, бидејќи на телото му е потребна хидратација по будењето. Бидејќи портокалот е полн со вода, може да биде корисен за будење. Но, внимавајте тоа да не стане пракса, бидејќи може да предизвика нагло скокање на шеќерот во крвта. Затоа е покорисно првиот утрински напиток да биде или чаша обична вода или вода со малку сок од лимон – советува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi