Тип на кожа кој си бара посебно внимание
Ако наутро имате сува кожа, прво треба да се измиете само со чиста вода, а потоа да нанесете серум и хидратантна крема, а кремата со заштитен фактор е задолжителна како и за сите типови на кожа.
Негата на кожата треба да биде дел од вашата секојдневна рутина доколку сакате да имате убав и блескав тен.
Со помош на овие 6 совети вашето лице ќе биде негувано, а вашата кожа ќе биде нахранета и здрава.
- Се мие со гел само еднаш дневно, по можност навечер за да се отстранат сите нечистотии од лицето. Најдобро е да ја отстраните шминката и нечистотијата со гел на база на масло.
- Користете ја техниката на двојно чистење, односно по миењето со гел на база на масло, повторете го миењето со гел на база на вода.
- По миењето на кожата нанесете серум на база на хијалуронска киселина за да ѝ обезбедите на кожата доволна количина на влага. Најдобро е да го нанесете на сè уште влажно лице.
- Додека серумот сѐ уште не е впиен во вашата кожа, нанесете хидратантна крема.
- На крајот, откако ќе се впие хидратантната крема, нанесете на кожата многу тенок слој вазелин.
- Наутро доволно е да се мие само со вода, да се нанесе серум и хидратантна крема, а кремата со заштитен фактор е задолжителна како за сите типови на кожа.