Пред една година ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и раперот Канје Вест објавија дека се разведуваат, а иако со месеци се чинеше дека сè оди во пријателско расположение – крајот сепак ќе биде грд.
Штом Ким стапила во врска со актерот Пит Дејвидсон, и покрај тоа што по раскинувањето имал повеќе девојки, Канје речиси секој ден почнал да приредува разни испади.
Тој започна со јавни молитви до Бога Ким и тој да се смират, а потоа купи куќа спроти неа, жалејќи се дека не бил поканет на роденденската забава на нивната ќерка Чикаго, иако договорот бил да има посебни прослави за неа, и сепак „упаднал„ на прославата, го навредуваше момчето на Ким, му се закануваше, ширеше гласини за него во Холивуд, се пожали на однесувањето на неговата поранешна сопруга и каква мајка е таа …
Најголем проблем за Канје наводно е што нивната најстара ќерка Норт ја користи социјалната мрежа Тик Ток, за која Ким истакнала дека го прави исклучиво под нејзин надзор. Сега раперот повторно ја спомна Норт, на начин што е директна порака до Ким Кардашијан.
Имено, тој на Инстаграм објави фотографија (која сега е избришана) од беџ со ликот на Ким и него на детски ранец и напиша:
– Вака изгледаше ранецот на ќерка ми кога ми дозволија да ја видам минатата недела. Затоа и толку се борам за семејството, јас сум човек кој по секоја цена ќе си го чува семејството, како свештеник на мојот дом. Не грижи се, Норти, Бог е сè уште жив.
Иако цело време се труди да не ги вади валканите алишта во јавност, Ким не издржа, па веднаш искоментира:
– Те молам прекини ја оваа приказна, беше овде утрово и ги одведе децата на училиште.
Ким набрзо се покаја и го избриша својот коментар, но тој веќе се прошири на социјалните мрежи, а многумина велат дека Канје не добил подобар одговор.
Сепак, тој продолжи со таа, како што рече Ким, приказна и потоа го смени описот на споменатата фотографија.
– Ова е постот за кој сум критикуван. Кажи ми како да бидам најдобар татко кога мама ќе се обиде да ме заебе откако не ми дозволи да ги видам децата. И ми се допаѓа што немам познати пријатели кои би зборувале во моја корист, туку само гледаат, кул – изјави Канје.