Иако за време на летото обврските има повеќе протоколни обврски, принцот Чарлс не се жали. Впрочем, понекогаш тој покажува и колку ужива во истите. Недамна го посетил градот за риболов Салкомбе, во кој се возел со чамец со градоначалникот и капетанот на пристаништето, а потоа отпатувал во Ланкашир, каде присуствувал на изложба на овци, нормално придружуван од својата сопруга Камила.
На овој настан тој му ја предал наградата на пет-годишниот сопственик на најубавата овца, Вилијам Бурноп и воедно ја погалил.