Спој на слатко и кисело, а КРЕМАСТО! Супербрз чизкејк од портокал кој им успева на сите!

popara19 март, 20221min00
336833_tortaodpomorandzishutterstock-1445437997_ff

Доколку ви се допаѓа вкусот на чизкејкот, оваа варијанта збогатена со сок од портокал ќе ви стане омилена!

Се подготвува брзо и лесно, а невозможно е да не ја изедете!

Состојки:

За кората

300 грама мелени бисквити
100 грама путер
5 лажици млеко
1 лажица шеќер во прав

За фил

500 грама крем сирење
220 грама шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
100 милилитри сок од портокал
2 цели јајца
половина чаша кисела павлака

Подготовка

Кора

Измешајте ги мелените бисквити и шеќерот, па додадете го растопениот путер и млекото. Сè убаво измешајте и притиснете во калапот.

Фил

Се мешаат крем сирењето, шеќерот и ванилиниот шеќер, па се меша со миксер, постепено се додаваат јајцата, сокот од портокал и павлаката.

Кога се убаво ќе се соедини, прелијте ја кората и печете 20-30 минути во загреана рерна на 180 степени.

Украсете со парчиња портокал.