Рицинусовото масло го поттикнува растот и ја зајакнува косата: Еве како правилно да го користите

popara20 март, 20221min00
Screenshot_6

Рицинусовото масло за коса се смета за еден од најдобрите препарати кои го стимулираат растот на косата

 

 

 

Повеќето луѓе кога ќе помислат на бујна коса, првото нешто што го паметат се жените од Индија. Жените од оваа земја се познати по тоа што имаат силна и здрава коса која сјае на сонце.

 

Ако мислевте дека е само генетика – се лажете. Имено, мајките уште од мали нозе ставаат рицинус на косата на своите ќерки во Индија, бидејќи во спротивно, поради високите температури и влажноста во воздухот, косата би им била многу сува.

 

Рицинусовото масло е, велат тие, најдобриот производ за коса што можете да го купите. Сакате да знаете зошто? Еве како да ја негувате косата и да го стимулирате нејзиниот раст.

 

Рицинусово масло и нега на коса

 

Кога станува збор за нега на коса, рицинусовото масло успешно го хидрира скалпот, го подобрува волуменот, квалитетот и го враќа изгубениот сјај на косата. Содржи витамини Е, рицинолеинска киселина и омега шест и девет масни киселини.

 

 

Рицинусовото масло за коса се смета за еден од најдобрите препарати кои го стимулираат растот на косата, дури и на оние места каде што претходно не растела.

 

Како да се користи рицинусово масло

Експертите препорачуваат рицинусово масло да се нанесува на коренот на косата пред спиење, односно да спиете со него.

 

Маслото го масирате во скалпот со кружни движења на прстите, бидејќи масирањето ќе ја забрза циркулацијата. Кога го нанесувате маслото, пожелно е да ставите крпа или капа за туширање на главата.

 

Следниот ден измијте ја косата на вообичаен начин. Третманот со рицинусово масло можете да го практикувате еднаш неделно додека не ги добиете посакуваните резултати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma