МЕДОТ Е ЗДРАВ, ДА ИЛИ НЕ? Нутриционист ОТКРИВА НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА!

popara21 март, 20221min00
522901_x27521_f

Да, медот е здрав, но… Медот е и шеќер и не треба да се консумира во големи количини од 1 до 3 лажички дневно, вели нутриционистката Марија Ѓурковиќ.

Често кога медот е на списокот на намирници со кои не треба да се претерува или треба целосно да се исфрли од исхраната некое време, некој го поставува прашањето: “Моолам, медот не е здрав?! Хм!”

– Сите забрани и ограничувања поврзани со медот може да се применат и на која било друга намирница – ако решиме да претераме ќе почне да ни прави повеќе штета отколку корист – вели нутриционистката Марија Ѓурковиќ и додава:

– Медот е здрав бидејќи е целосно природен производ, но не треба да се занемари фактот дека околу 76 отсто од неговиот состав е шеќер. Овој шеќер се состои од три различни вида: фруктоза, која ја има најмногу, гликоза и обичен шеќер (сахароза), кој го има најмалку (меѓу 1 и 2 проценти). Точниот сооднос на овие три вида шеќер зависи од изворот, поточно од цветното пасиште при кое пчелите собирале нектар.

Лековитите својства на медот

Всушност, тоа е намирница која не е ништо друго освен десерт од природата и која треба да се третира на ист начин во исхраната, а и како природен засладувач, предлага нутриционистката.

– На многу места можете да прочитате за лековитите својства на медот, меѓутоа тој нема такви својства. Медот не лечи болести и не може да биде замена за терапијата што ви ја препишал вашиот лекар, но можеме да го консумираме како додаток. Честопати ги советувам трудниците со анемија во исхраната да вклучат мешавина од мед и коприва, што е добро за лекување на овој проблем – смета таа.

Она со што може да се пофали, освен совршениот вкус и сладост, се и антиоксидансите кои му се потребни на нашиот имунитет во борбата против вирусите и штетното дејство на слободните радикали.

– Лажичка, макар и две-три ако се работи за деца (ние возрасните треба да внимаваме на линијата), е апсолутно во ред – вели Марија Ѓурковиќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma