Актерот Џони Деп пред три години поднесе тужба против неговата поранешна сопруга Амбер Херд поради колумна која таа ја напиша за „Вашингтон пост“ на крајот на 2018 година.
Побарал отштета од дури 50 милиони долари, бидејќи Амбер во тој текст тврди дека била жртва на семејно насилство.
Според извештајот, сведоците ќе бидат сослушани на 24 март, додека првата тужба е закажана за 11 април.
Откриена е листа на сведоци, меѓу кои Џејмс Франко, Пол Бетани, Илон Маск, претставници на Волт Дизни и Ворнер Брос, како и полицајци од Лос Анџелес, пријатели, членови на семејството и други луѓе поврзани со поранешните сопружници.
Џејмс Франко и Илон Маск ќе сведочат бидејќи Деп ги обвини дека спиеле со Амбер Херд додека била во брак со него, па таа решила да ги повика како сведоци, кои ќе зборуваат во нејзина корист.