
Бојата е одличен показател за свежината на месото
Кога купуваме месо во супермаркет, обично површно го разгледуваме рокот на траење, и толку.
Но, и да не е истечен рокот, тоа не значи дека месото е свежо.
Многумина од нас не знаат да препознаат дали месото е свежо или не.
Сепак, постои едноставен трик, кој нема да ви одземе ни пет секунди.
Според Елизабет Росицки од германскиот земјоделски центар, квалитетното месо мора да содржи ултра-мускулна маст.
Ова на месото можете да го препознаете по белите пруги кои личат на вени, односно месото треба да изгледа шарено. Доколку одлучите за месо во пакување, внимавајте дали има вода во него. Ако лежи во крвава вода, тоа значи дека месото не е свежо.
Кога станува збор за бојата на месото, зависи и од типот што го купувате. Телешкото месо треба да биде светло, а не бело, како пилешко.
Говедското месо треба да има средно црвена боја, не премногу темна. Свинското месо треба да биде светло розево.
Можете да примените и трик со допир. Ако го притиснете со прст, месото е свежо ако веднаш се врати во првобитната состојба.
Ако вашиот отпечаток и вдлабнување останат на него, тогаш сигурно се работи за месо што не е свежо.