Сувата кожа на лицето е се почест проблем кај жените. Колку и да барате совети, скапи креми и третмани од врвни козметичари, се случува решението да биде краткотрајно
Дерматолозите предлагаат третман за прва помош, а можете да го примените дома. Ќе ви требаат: сад со топла вода, крпа и миризливи масла.
– Парењето на лицето е можеби најлесниот начин да се справите со најчувствителниот дел од кожата – лицето. Двапати неделно, пет до седум минути се доволни за да ја одржите вашата кожа сјајна и пред се длабоко чиста – вели њујоршкиот дерматолог д-р Хедли Кинг.
Кога кожата е добро хидрирана, состојките на производите што ги користите за нега подобро ќе навлезат, особено ако ги нанесете веднаш по испарувањето на лицето.
Благодарение на водата и топлината, лицето ќе биде значително помеко по овој третман, а чистењето на затнатите пори е полесно и помалку болно.
Ако имате мрсна кожа склона кон акни, пареата може да помогне во отпушување на порите и ослободување на „заробените“ природни масла, но и нечистотија и бактерии кои предизвикуваат мозолчиња и митесери.
Идеални растенија за парење на лица
- Камилицата е идеална ако имате чувствителна кожа склона на иритација и црвенило
- Лавандата делува смирувачки, а има и антибактериски својства, па го намалува воспалението
- Маслото од чајно дрво е идеално за оние кои имаат воспалени мозолчиња
Добрата циркулација помага во производството на колаген и еластин, кои се неопходни за младешкиот изглед на кожата, а топлината во пареата помага да се стимулира овој природен процес. Благодарение на тоа, лицето ќе биде мазно, сјајно и затегнато, а на површина ќе излезат и поткожните мозолчиња.
Еве како да го направите овој третман.
ЧЕКОР 1: Доведете ја водата до вриење.
ЧЕКОР 2: Темелно измијте го лицето со пена или сапун што не ја суши кожата.
ЧЕКОР 3: Истурете топла вода во стаклен или керамички сад, никогаш пластичен. Додадете суви билки (може да се додадат кесички со чај) или есенцијални масла од витамините Е и А.
Чекор 4: Ставете го лицето над пареата. Не се приближувајте премногу за да не ја иритирате кожата. Држете го лицето 20 до 30 см над садот со вода. Покријте ја главата со крпа за подобро да ја насочите пареата кон лицето и вдишете ја.
ЧЕКОР 5: Сега кога ги проширивте порите и ги отстранивте нечистотиите и бактериите од нив на површината на кожата, време е да го исчистите лицето. Нанесете ја маската која најмногу одговара на вашата кожа. По 25 минути исплакнете го лицето со вода.
ЧЕКОР 6: Конечно, нанесете го хидратантниот крем што вообичаено го користите.