СОВРШЕНИ ОБУВКИ ЗА ПРОЛЕТ И ЛЕТО! Моден хит – еспадрили – удобни, модерни и елегантни

popara23 март, 20221min00
545040_espadrille-g7bbb41069-1920_f

Еспадрилите се хит во светот на модата. Не само што се удобни, туку се и елегантни

Удобни, модерни, но во исто време и елегантни, одговараат на сите стилови, а блогерките ги претставуваат како задолжителен модел на обувки за летната сезона.

Не двоумете се да ги носите популарните „морнарки“, кои обично ги носите на море или само кога одите на прошетка.

Тие потекнуваат од 14 век, а покрај моделите, со текот на времето се менувал и начинот на носење. Еспадрилите порано биле со покриени прсти, а денес ги има и со отворен врв, со ортопедска потпетица, на врзување со машна како римјанки или на закопчување.

Модните куќи како „Шанел“ и „Кензо“ претставија неколку модели на еспадрили.

Оние во морнарски стил, во сина и бела боја, изгледаат совршено со летни фустани, блузи и црвени детали.

Во претходните сезони големо внимание привлекуваа еспадрилите во сребрена и златна боја, кои исто така можете да ги комбинирате на многу начини.

За романтичен изглед, изберете еспадрили во неутрални бои и креирајте романтичен бохо стајлинг со цветни фустани.

За вечерните излегувања изберете црни кожени еспадрили и комбинирајте ги со женски костум. Можете исто така да ги изберете оние со платформа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma