Можеби немате доволно време да средите сè кога ќе ја вклучите машината за перење. Или можеби едноставно не ви се допаѓа да го правите тоа.
Подредувањето на работите по боја и тип на ткаенина може да биде досадно, особено ако ја вклучувате машината за перење неколку пати на ден.
Додека некои мислат дека ова сортирање е налудничаво и дека е потребно само време, бидејќи на никаков начин нема да и наштети на гардеробата, ако не го правите тоа, други сметаат дека е многу важно алиштата да се одвојат по боја и да се перат на тој начин.
Поради поделени мислења, експертите го дадоа конечниот одговор дали да се сортираат алиштата и како да се направи тоа.
„Ако сакате вашата гардероба да трае, почесто одвојувајте ги алиштата“, вели експертот Џесика Зина.
Со нејзиното мислење се согласува и научничката Мери Џаларди, која вели дека одвојувањето на облеката пред перење е стратегија за постигнување добри резултати. Темните и светлите предмети никогаш не треба да ги перете заедно, дури и ако користите ливчиња за да ја впијат бојата, бидејќи не можете да бидете сто проценти сигурни дека материјалот нема да ја пушти бојата и да исфарба друга гардероба.
Пред перење, доколку е нова облека, задолжително погледнете ја етикетата, за да бидете сигурни на која температура треба да го исперете тоа парче облека. Постојат одредени ткаенини кои овозможуваат перење само на рака, чии инструкции треба да ги следите доколку не сакате вашата облека да биде целосно уништена или да се собере.