
Уживајте во омилениот десерт и во деновите на пост
Кој вели дека треба да се откажете од вкусните палачинки за време на постот?
Има одличен рецепт прилагоден на посните денови, а вака подготвените палачинки се меки и вкусни, како и мрсните!
СОСТОЈКИ:
- 300 мл кисела вода
- 30 мл масло
- сол
- брашно по потреба
Подготовка:
Во сад истурете кисела вода, додадете масло и сол, па додадете брашно за тестото да стане ретко. Ова ќе ви даде фини тенки проѕирни палачинки.
Намачкајте ја тавата со масло, истурете една кутлача тесто и распоредете ја по целата тава. Пржете од двете страни.
Филувајте по желба.