Алек Болдвин се враќа на снимање по трагедијата: „Чудно е да се вратиш на работа“

popara24 март, 20221min00
Screenshot_3

Алек Болдвин се враќа на актерството по трагедијата на снимањето на филмот „Rust“.

 

 

Актерот (63) би требало да се врати на големото платно на неколку италијански божиќни филмови, се вели во извештајот објавен од Deadline, пренесува People.

 

Алек Болдвин се враќа на филмот

 

Болдвин ќе се здружи со неговиот помлад брат Вилијам за да направи два анимирани филма.

 

Празничните филмови ги означуваат првите големи проекти во кои ќе учествува Алек, откако пукаше со пиштол минатиот октомври и случајно ја уби снимателката Халина Хачинс додека го снимаше вестерн-филмот „Rust“.

 

– Не работам како порано. Чудно е да се вратиш на работа. Не сум работел од 21 октомври минатата година кога се случи оваа ужасна работа на снимањето на филмот и смртта на нашата снимателка Халина Хачинс. Сè уште ми е тешко да кажам. Се вратив на работа за прв пат по три и пол месеци.