Го намалува холестеролот и ги отстранува мастите: Ако го пиете овој напиток пред ручек, организмот ќе ви е благодарен

popara26 март, 20221min00
337297_zeleni-smuti-shutterstock-176107034_ff

Холестеролот е неопходен за нормално функционирање на телото и производство на хормони и витамин Д, како и во процесот на варење. Меѓутоа, ако е покачен, може да предизвика здравствени проблеми. Постојат добриот холестерол (ХДЛ) и лошиот холестерол (ЛДЛ), чии зголемени нивоа во крвта може да предизвикаат срцеви заболувања.

Кога станува збор за закана за лошиот холестерол и неговото покачено ниво, важно е да се знае дека правилната исхрана може многу да ни помогне, а најдобро е да се свртиме кон неа на време! Мудрото избирање на храна може да направи чуда за вашето здравје.

Ако редовно подготвувате здрави смути за детоксикација, можете да го намалите нивото на холестерол, но и да ги заштитите крвните садови.

Грејпфрутот е одлична храна за борба против лошиот холестерол, бидејќи содржи витамин Ц и пектин, кои се комбинираат за да го намалат холестеролот и да ги заштитат крвните садови од затнување.

Целерот е исто така супер здрав, а само две стебленца дневно го намалуваат холестеролот.

Рецепт за пијалок за детоксикација од грејпфрут и целер:

1 грејпфрут
2 стебленца целер
магдонос
четвртина од лимон
3 коцки ѓумбир

Состојките ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете густ напиток.

Најдобро е овој напиток да се пие пред ручек, за организмот да ги впие сите состојки и да се активираат. Меѓутоа, доколку не пристигнете порано, испијте го после оброк.