Со ова ја „заразила“нејзината покојна мајка
Актерката Анџелина Џоли денес е посветена мајка на своите деца и е посветена на хуманитарната работа, но одвреме-навреме изненадува со некое признание за себе.
Така во 2008 година, во едно интервју, таа откри дека има малку необично хоби.
Имено, собира ножеви, а страста за овие предмети ја пренела и на својот посвоен и најстар син Медокс. Токму вака и нејзината мајка ја „заразила“ со ова хоби.
– Мајка ми ме однесе да ги купам првите ками кога имав 11 или 12 години и затоа веќе купив некои работи за Медокс. Го носиме во специјална продавница. Таму зборуваме за самураите и идејата некој да се брани како добар. Зборуваме за сè – изјави таа за магазинот W.