Како за 10 секунди да проверите дали доматот или краставиците се полни со ХЕМИКАЛИИ?

popara26 март, 20221min00
Paradajz-i-krastavac

Еден знак покажува дека овошјето или зеленчукот биле третирани со различни хемикалии

Многу се зборува за органска храна, прскано или непрскано овошје и зеленчук…

А дали воопшто знаете да проверите дали јаболката, доматите или краставиците се полни со „хемија“ или не?

За да се зачуваат овошјето, особено јаболката, во текот на зимата, често се третираат со разни хемикалии кои можат да бидат опасни по здравјето.

И дали е безбедно да се јаде ваква храна со лушпа?

Пролетта официјално започна и понудата на маркетите и пиљарите вклучува овошје и зеленчук кои се чуваат цела зима. Јаболката за да издржат што подолго се третираат со восок, глицерин, парафин, калциум хлорид, а најопасна од сите овие супстанции е дефинилот. Бидејќи, всушност, ова е производ произведен со рафинирање на нафта, тој има тенденција да биде канцероген.

За тоа како да се заштитите од труење од јаболка и други плодови кои се „прскаат“; говорат многу експерти, а првиот чекор е да се измие во топла вода, во која може да додадете дури и сода бикарбона.

Кои видови се најбезбедни?

Доколку на пазарот купувате „домашни“ производи од докажани продавачи за кои знаете дека не користат никакви хемикалии, можете едноставно да ја измиете кората од нечистотија и насобраната прашина. Ако ги купите во продавница, кога навистина не знаете дали се третирани, се препорачува да ги излупите.

Последиците од конзумирање на храна која се „клука“ со хемија може да биде многу опасна и да доведе до тешко труење. Сепак, постои и друга страна на овој проблем. Ако го излупиме јаболкото, тогаш го фрламе главниот извор на витамини А и Ц, калциум, фосфор, железо и корисни антиоксиданси.

Постојат неколку трикови за да одредите колку е токсичен зеленчукот или овошјето. На пример, кога ќе исечете јаболко, ако видите дека брзо потемнува, можете безбедно да го јадете со кората. Карцитинот во комбинација со витамин Ц ги спречува слободните радикали да го оштетат телото.

Како да знаете дали краставицата или доматот се прскани?

За да утврдите дали зеленчукот има пестициди, можете да ја исечете краставицата или доматот и да погледнете каква им е внатрешноста. Обично доколку се со токсини ќе имаат жолти линии или во центарот ќе се наоѓа жолт „дел“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma