НАСКОРО КОНТРАЦЕПТИВНА ТАБЛЕТА ЗА МАЖИ: 99 проценти ефикасна за спречување на бременост

popara26 март, 20221min00
Screenshot 2022-03-26 164308

Овој револуционерен лек може да донесе рамнотежа во спречувањето на бременоста, што е претежно одговорност на жените денес, со многу помалку опции на располагање на мажите.

Презентирајќи ги своите наоди на состанокот на Американското здружение на хемичари, научниците најавија создавање на нова нехормонална машка контрацептивна пилула која ефикасно ја спречува бременоста (досега тестирана на глувци), без очигледни несакани ефекти.

Додека жените можат да земат неколку таблети, да користат фластери или интраутерини уреди, мажите имаат пристап само до кондоми за еднократна употреба кои се склони кон пукање и главно неповратни вазектомии, хируршки процедури кои се сметаат за трајна форма на машка стерилизација.

Операцијата е „скапа и не секогаш успешна“, велат истражувачите, потврдувајќи ја потребата од „ефикасна, долготрајна, но реверзибилна контрацепција, слична на апчињата за жени“.

Научниците со децении се обидуваат да развијат ефикасна машка орална контрацепција.

Постојат неколку соединенија кои биле подложени на клинички испитувања, но тие се насочени кон машкиот полов хормон тестостерон, кој може да предизвика зголемување на телесната тежина, депресија и други несакани ефекти. Сега тоа е избегнато и научниците се надеваат дека ќе започнат клинички испитувања на мажи во втората половина на оваа година.