Софија Вергара важи за една од најубавите актерки во Холивуд, а со оваа фотографија ја оправда таа титула.
Актерката Софија Вергара плени со својот изглед и харизма, а важи и за една од најстилизираните актерки во светот.
Не подлегна на трендовите на зголемување на усните и на претераните естетски интервенции, па всушност природноста е она што ја издвојува.
Поради природата на нејзината работа, нема сомнеж дека поголемиот дел од времето го поминува со шминка, но приватно работите се малку поинакви.
Таа на својот Инстаграм објави фотографија на која сакаше да покаже дека направила руси прамени, но сепак нешто друго беше во преден план.
Софија се фотографираше без трошка шминка и на тој начин покажа дека е природна убавица.
Еве како изгледа кога не е „намонтирана“: