Протеински леб кој кој ќе ве држи сити долго време: Рецепт без јајца и бело брашно

popara30 март, 20221min00
proteinski-hleb-830x0

Колку подолго стои, толку е повкусен

Леб без адитиви, квасец и брашно може да се најде само во специјализирани пекари и секогаш е далеку поскап од обичните лебови.

Доколку сакате да се храните поздраво и да правите леб за вашето семејство без бело брашно и јајца, ви носиме испробан рецепт за протеински леб. Покрај тоа што се подготвува брзо, има уште една предност – колку подолго стои, толку ќе биде повкусен и поубав.

Состојки:

100 гр ленено семе

100 гр семки од тиква

100 гр семки од сончоглед

150 гр овесни снегулки

2 лажици псилиум

2 лажици вода

100 мл кисела вода

2 лажици масло

1 кесичка прашок за пециво

сол

Подготовка:

Во сад истурете две лажици псилиум, па прелијте ги со кисела вода и оставете ги да отстојат половина час.

Во меѓувреме, сомелете го лененото семе, семките од тиква и семките од сончоглед во мелница за кафе. Направете го истото со овесот. Оставете неколку семки на страна за да го украсите лебот.

Истурете ги мелените семиња во садот со набабрениот псилиум, додадете прашок за пециво и две лажици масло и сè енергично измешајте со процесор за храна.

Обложете тепсија со хартија за печење, истурете ја смесата за леб, одозгора ставете ги преостанатите семки и сусамот и печете на 200 степени додека лебот не се одвои од хартијата во тавата.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma