Подготовката е многу едноставна
Кога немате пари или нерви за да го подмачкате паркетот, време е да се свртите кон стандардните опции за чистење.
Наместо да трошите пари на разни куповни решенија, можете сами да си направите средство за чистење.
А овој метод може да го примените и на ламинат.
Состојки:
250 мл вода
150 мл оцет
150 мл изопропил алкохол од 70 проценти
2 до 3 капки детергент за садови
празно шише со распрснувач
Истурете ги состојките во шишето и протресете.
За ефикасно чистење на паркетот, покрај средството за чистење што го направивте, ќе ви требаат и крпа од микрофибер и рамен бришач за под со дршка на која може да се закачи крпата.
Испрскајте го производот на крпата и почнете да бришете.
Додадете по потреба.
Така паркетот ќе биде чист, сјаен и нема да го оштетите, како што би можеле да направите, на пример, со целосно влажна крпа.