Жените откриваат која е идеалната големина за машкиот полов орган. Одговорот сигурно ќе ве изненади

popara1 април, 20221min00
Screenshot_13

Која е идеалната големина на пенисот? Ова прашање сигурно мачи многу мажи и жени, но вистински одговор нема.

 

 

Сексот може да биде добар без разлика на големината на алатката бидејќи она што навистина е важно во текот на приказната е техниката и искуството. Но, еден тим од истражувачи сепак се обиде да открие која големина на пенис најмногу им одговара на жените, а резултатите од нивното истражување може да ве изненадат.

 

Имено, изгледа дека поголемо не е секогаш најдобро, пишува порталот Marie Claire.

 

Студијата покажа дека жените најмногу преферираат пениси со средна големина. На 75 испитаници им била дадена задача да ракуваат со 33 вештачки пениси со различни големини и форми создадени од 3Д печатач и да ги категоризираат според желбата.

 

Забележани се и разлики во големината на пенисот кои жените ги претпочитаат, во зависност од тоа дали се работи за маж со кој биле во долга врска или за една ноќ.

 

Идеалниот пенис за долга врска е долг 16 сантиметри, додека за една вечер мора да биде малку подолг, поточно 16,2 сантиметри.

 

Резултатите открија дека должината не е толку важна за жените како обемот, што го потврди и др. Никол Праус, која го водеше истражувањето.

 

Има смисла жените да претпочитаат поголем пенис во опсег затоа што имаат подобар ефект врз стимулацијата на клиторисот“, вели Праус.

 

„Со други зборови, жените може да претпочитаат различни големини од различни причини во различни периоди, така што се големи шансите секој маж да е идеален за некаква врска што ја бара“, заклучи таа.