Најстарата ќерка на Брус Вилис сподели спомени со татко ѝ кој се бори со тешка болест

popara1 април, 20221min00
bruce-willis-830x0 (1)

На познатиот холивудски актер Брус Вилис (67) му беше дијагностицирана афазија, по што неговата најстара ќерка Румер Вилис закачи тажна објава на социјалните мрежи.

Таа ги објави спомените со својот татко и се присети на своето детство, а и како и другите членови на семејството, тешко ја поднесува здравствената состојба на познатиот актер.

Инаку, вчера семејството на Брус Вилис објави дека славниот актер се повлекува од Холивуд, бидејќи неодамна му била дијагностицирана афазија, болест предизвикана од оштетување на мозокот.

– На неверојатните фанови на Брус, како семејство, сакавме да споделиме дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми и дека неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности – рекоа тие во претходното соопштение и додадоа:

– Како резултат на ова и со многу размислување, Брус се оддалечува од кариерата која толку многу му значеше.

– Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата љубов, сочувство и поддршка. Низ ова поминуваме како силна семејна единица, а сакавме да ги привлечеме неговите обожаватели бидејќи знаеме колку тој ви значи вас, како и вие нему – додадоа во тогашното соопштение.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma