… и едвај чекаме да ги видиме сите варијанти на оваа необична комбинација!
Холивудската актерка Сандра Булок не се појавува често во јавноста, дури ни на црвениот тепих. Ја гледаме само на собири на познати личности кога промовира свој нов филм, што е случај во последно време, па неколку пати не почести со вистински мали модни задоволства.
Така беше и на лондонската премиера на „Изгубениот град“, во која една од омилените холивудски жени и ценета оскаровка игра со Ченинг Тејтум и Даниел Редклиф.
Прекрасната Сандра се појави на црвениот – иако зелен – тепих во необичен костум. На прв поглед изгледа дека актерката носела долго сако-фустан, но се работи за блејзер од кој се спушта шлеп, што ја создава оваа илузија.
Булок носеше класичен црн костум, составен од панталони со рамен крој и струкиран блејзер со едноставен дизајн. Сепак, не е сè така класично: лентите во розова, виолетова и портокалова нијанса зашиени на висина на градите, кои се вкрстуваат и паѓаат зад грбот и даваат шмек на оваа комбинација.
Станува збор за креација на брендот Carolina Herrera, модел на костум за кој треба да се издвојат 5.500 евра и кој беше претставен како дел од колекцијата за есен/зима 2022 година.
Сандра не избра премногу комплицирана шминка, а косата ја пушти да паѓа во лабави локни, додека сè заокружи со висечки обетки.