Вил Смит ја напушта Академијата: „Срцето ми е скршено“

popara2 април, 20221min00
Screenshot_3

Актерот Вил Смит соопштил дека се повлекува од местото член на Академијата за филмски уметности и наука по инцидентот во текот на 94-тото свечено доделување на Оскарите во Лос Анџелес.

 

 

 

Смит во текот на доделувањето на наградите го удрил комичарот Крис Рок. Академијата за филмски уметности и наука го осудила инцидентот и отворила внатрешна истрага.

 

Смит, кој истата вечер добил Оскар за улогата во филмот “King Richard”, соопштил дека неговите постапки биле “непростливи”.

 

„Листата на оние кои ги повредив е долга и го вклучува Крис, неговото семејство, многу мои пријатели и сакани, сите кои беа во публиката и дома“, се наведува во текстот на Вил Смит.

 

Смит во текот на церемонијата во театарот Долби се качил на бината и му удрил шлаканица на комичарот бидејќи се шегувал на сметка на бричената глава на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит, која пати од алопеција.

 

Рок ја споредил избричената глава на Смит со бричената глава на актерката Деми Мур во филмот “G.I Jane” од 1997-ма година.

 

Вил Смит потоа им се извинил на Крис Рок и на публиката, примајќи го Оскарот за најдобар актер. „Љубовта ве тера да правите луди работи“, рекол тогаш актерот.

 

Смит потоа и се извинил и на академијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma