Со храна против грип и настинки: Еве како да одржите силен имунитет

popara19 јануари, 20231min00
Screenshot_12

Хранливи материи како што се железо, цинк и селен и растителни флавоноиди се неопходни за силен имунолошки систем.

 

 

Веруваме дека во последно време често сте слушнале како луѓето се жалат на главоболки, болки во грлото, кашлање и кивање. Овие состојби се вообичаени во овој период од годината бидејќи времето е променливо и владеат разни вируси.

 

Затоа е важно да направите сѐ што можете за да го одржите вашиот имунолошки систем силен.

 

Здравата исхрана и начинот на живот играат голема улога во одржувањето на имунитетот – хранливите материи како што се железото, цинкот и селенот и растителните флавоноиди се неопходни за силен имунолошки систем.

 

Ги издвојуваме намирниците и храната кои деновиве треба да се најдат на вашето мени.

 

 

  1. Лук

 

Лукот ги уништува бактериите и е ефикасен поради соединението алицин кое има способност да ги блокира инфекциите. Има одлично влијание на имунитетот. Содржи витамини, корисни масла, аминокиселини важни за нашиот организам. Содржи и алицин, состојка позната по своето антиинфламаторно дејство.

 

Затоа се препорачува редовно консумирање лук, особено во постудените месеци од годината.

 

 

  1. Цитруси

 

Мит е дека витаминот Ц може да излечи настинка, а нема докази дека ќе го скрати времетраењето на настинката и ќе ја олесни. Сепак, мекиот бел слој кој се наоѓа на портокалите, лимоните и грејпфрутот содржи флаваноиди, кои помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем и го забрзуваат закрепнувањето.

 

 

  1. Спанаќ

 

Спанаќот е многу хранлив. Содржи фолна киселина која му помага на телото да создаде нови клетки и да ја „поправа“ ДНК. Исто така, спанаќот содржи влакна, антиоксиданси и витамин Ц. Јадете спанаќ сиров или малку сварен за да го извлечете максимумот од неговите лековити својства.

 

 

  1. Цвекло

 

При вирусни и бактериски инфекции, воспалителните процеси се чести и се шират во телото. Природното решение за овој проблем е цвеклото, кое е корисно за имунитетот. Имено, овој зеленчук содржи беталин, кој има антивоспалителни својства и ги намалува воспалителните процеси во организмот.

 

 

  1. Пилешка супа

 

Пилешката супа не е само топол и хранлив оброк, туку научниците тврдат дека постојат докази дека супата помага да се намали активноста на белите крвни зрнца. Тие се одговорни за респираторните проблеми, кои често се појавуваат за време на настинки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma