Народен лек против исекотини и изгореници: Направете домашен мелем од природни состојки

popara4 април, 20221min00
shutterstock_293272547

Кожата е заштитен орган на нашето тело и постојано е изложена на бројни надворешни дразби, кои можат да остават трага на неа.

Изгорениците и исекотините не се невообичаени, а за среќа, различни народи ги проучувале ефектите на природните лекови врз повредите на кожата, со векови пред современите препарати.

Нивното искуство е пренесено до денес, па можете сами да си направите мелем, по стар и ефикасен рецепт.

Состојки:

– екстра девствено маслиново масло, 50 ml
– 2/3 шолји мешавина од сушени билки (цвеќиња од невен, кантарион или жолт корен)
– пчелин восок, 2, 3 лажици
– мед, 1 лажица масло
– етерично масло по желба, 5 капки

Подготовка:

Загрејте го маслиновото масло на 50 степени и прелијте ги со тревките кои претходно сте ги здробиле. Сè добро измешајте, а потоа затворете го садот и оставете го да отстои неколку часа. Потоа протресете, па оставете повторно и повторете ги следните 3 дена.

Потоа растопете го восокот на тивок оган, па во него прелијте ја смесата од маслиново масло и сушени билки, потоа додадете мед и есенцијално масло по желба.Убаво измешајте ги состојките, па кремот префрлете го во празни кутии за крем или стаклени тегли со капаци.

Мелемот чувајте го во фрижидер и користете го по потреба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma