Маска за коса од само 2 состојки кои веќе ги имате дома: За побрз раст, поздрава и побујна коса

popara4 април, 20221min00
Screenshot_9

Веројатно веќе во фрижидер имате сѐ што ви е потребно за ова здраво пакување за коса

 

 

Доколку се грижите вашата коса да биде убава и здрава, но и да го забрзате нејзиниот раст, идеалното решение е при рака. Всушност, за оваа маска ви се потребни само две состојки кои секој од нас ги има во фрижидер речиси во секој момент – јајце и јогурт.

 

Јогуртот е вообичаена природна состојка за нега на косата, која поради неговото општо присуство станува речиси незабележлива. Богат е со витамини и масни киселини кои се клучни за здравјето на косата.

 

 

Состојки за маската:

  • 1 јајце
  • 2 лажици јогурт

 

Во сад изматете го јајцето и додадете го јогуртот. Кога ќе добиете еднолична смеса, нанесете ја на влажна или сува коса по желба. Нанесете ја маската од коренот до врвовите, поминувајќи со прстите низ косата.

 

Оставете ја на косата половина час, а потоа исплакнете со што е можно поладна вода.

 

Оваа маска можете да ја користите два пати неделно. Со овој третман вашата коса ќе расте побрзо, ќе стане бујна и поздрава.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma