Едноставен трик како да го исчистите тапацираниот мебел во домот: Ви требаат само 2 состојки

popara4 април, 20221min00
shutterstock745414864-830x0

Постои многу едноставен начин да ја освежите аголната гарнитура, троседот или каучот со состојките што ги имате во домот

Време е за големо пролетно чистење. Покрај целата работа, треба да се освежи и тапацираниот мебел во домот. За такво нешто не ви требаат многу пари, а со едноставен трик вашиот аголен тросед, софа, фотелји и каучи ќе блеснат како нови.

Веќе имате се што ви треба во домаќинството, а тоа е оцет и детергент за миење садови.

Растворот од вода, оцет и детергент за миење садови ќе ги отстрани дури и најупорните дамки од вашиот мебел. Пред употреба добро исчистете ги површините со правосмукалка за да ги отстраните трошките и нечистотијата.

Состојки:

1 чаша вода

3 лажици оцет

1 лажица детергент за миење садови

Измешајте ги сите состојки и истурете во шише со распрскувач, а потоа нанесете ја течноста на крпа со која ќе ги поминете сите критични делови од мебелот, а можете да поминете преку целата површина. Оцетот ќе ги отстрани сите непријатни мириси, а во комбинација со детергентот ќе ги отстрани сите нечистотии од вашиот тапациран мебел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma