Зборовите понекогаш имаат голема моќ. Можат некому да го разубават денот, да повредат некого, да возбудат, но и да го одложат оргазмот! За да му ја пружите заслужена возбуда на вашиот партнер, а и на себе, за време на сексот задолжително избегнувајте ги овие пет вербални замки.
- Не предлагајте му на партнерот нешто за што не сте сигурни
Иако ви се допаѓа идејата за анален секс, не предлагајте ја за време на сексот. Постои можност да не ви се допадне или да не сте целосно подготвени за тој чекор, што само ќе го расипе овој возбудлив и страстен момент. Пред да експериментирате, разговарајте со партнерот за вашите желби и подгответе го телото и умот за експериментите.
- Не зборувајте за домашни работи или за какви било обврски
Прашањето како „дали го нахрани кучето“ не е тема на разговор за која вашиот партнер сака да зборува за време на сексот. Кога водите љубов, избегнувајте да разговарате за децата или за обврските. Прифатете го сексот како релаксирачки чин во кој заборавате на сите оптоварувања и фрустрации.
- Не го фалете вашиот партнер ако навистина не го мислите тоа
Не глумете оргазам и не кажувајте му на партнерот дека тој е најдобриот љубовник ако навистина не го мислите тоа. Ако го убедите дека направил нешто добро, можеби ќе бидете осудени постојано да ви пружа нешто што навистина не ви се допаѓа. Покрај тоа, вие сте одговорни за вашиот оргазам, па никако немојте да си ја скратувате возбудата, пишува centarzdravlja.hr.
- Не го коментирајте изгледот на партнерот негативно
Секогаш потсетувајте го партнерот дека изгледа секси. Спалната соба е идеална за споделување комплименти! Но, секогаш останете со позитивни коментари. Запомнете дека посочувањето на неправилностите секако не води до добар секс!
- Не започнувајте расправија
Отворените и искрени разговори се клучен дел од среќната врска. Сепак, за се има време и место, затоа жестоките дискусии оставете ги надвор од креветот!