Новите симптоми на корона вирусот се многу слични на оние на грипот…
Судејќи според последните бројки, короната се стивнува, има сѐ помалку нови инфекции, но локалните експерти предупредуваат дека не е време за опуштање. Ковид сѐ уште е присутен, постои ризик од развој на нови мутации, а како тие ќе се однесуваат, дали ќе бидат позаразни или ќе предизвикаат потешка клиничка слика кај пациентите, не може да се предвиди.
Во исто време, експертите од Британската национална здравствена служба (NHS) наведоа девет нови симптоми кои укажуваат на коронарна инфекција:
- останување без здив;
- чувство на замор или исцрпеност;
- болки во телото;
- главоболка;
- воспалено грло;
- затнат нос или течење на носот;
- губење на апетит;
- дијареа;
- замор и општо чувство на болест.
Експертите исто така забележуваат дека симптомите на корона се многу слични на грипот.
„Симптомите се многу слични со симптомите на други состојби како настинка или грип“, според веб-страницата на NHS.
А за да бидете сигурни, најдобро е да се тестирате, забележуваат епидемиолозите.