Се прави од шест состојки и не содржи хемикалии
Колку пати сте потрошиле многу пари на шампон, а сте биле целосно разочарани од неговиот ефект?
Затоа понекогаш вистинското решение е да се свртите кон природата и сами да си направите шампон за коса.
Се прави од шест состојки, а што е најважно, не содржи никакви хемикалии.
Се користи два пати неделно, а косата ќе стане сјајна, побрзо ќе расте и ќе остане чиста подолго.
Состојки:
1/2 чаша кокосово млеко (ја храни косата и го стимулира растот)
1/2 чаша кастилски природен течен сапун (природен чистач, без хемикалии)
1 лажица масло од витамин Е (ја враќа структурата на косата и и дава сила сјај на косата)
1 лажичка тилчец во прав (позитивно делува на коренот на косата и за полесно чешлање)
20 капки етерично масло од лаванда
10 капки етерично масло од рузмарин (антибактериско, добро за скалпот)
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во кокосовото млеко и убаво измешајте додека не се соединат. Потоа истурете во стаклено шише и протресете за да биде уште погусто. Важно е шампонот да се протресува пред секоја употреба.
Користете го како стандарден шампон, добро втријте во скалпот и исплакнете со топла вода по нанесувањето.
Забелешка: Доколку имате премногу чувствителна коса или скалп, консултирајте се со експерт пред да користите природна козметика.
Погледнете го упатствато за подготовка: