Време е за големо пролетно чистење на куќата, а никој од нас не ужива да ги чисти прозорците. За среќа, тука е експертот за чистење, Стеф Џиљоти, која со своите следбеници во „TikTok“ сподели како лесно да ги исчистат прозорците.
„Ова е мојот рецепт за евтино средство за чистење, кое ќе направи вашите прозорци да светат без никакво бришење“, рече таа на нејзиниот профил @stephgigliotti28, каде покажа како става две чаши бел оцет и две лажици детергент за садови во сад па до врвот полни со топла вода.
Пред да почне да чисти, прво ги мие прозорците со вода, а потоа натопува сунѓер во производот и со него го брише стаклото. Кога ќе завршите, повторно исплакнете со вода.
„И тоа е сè! Само оставете ги да се исушат на воздух и ќе бидат сјајни, без дамки и траги!“, додава таа.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Ваквото перење на надворешните прозорци Тиктокерка во видеото го советува еднаш годишно, а за внатрешната страна на прозорците препорачува обични хартиени марамчиња или ракавица од микрофибер.
„Може да ја замени хартијата“, рече таа. „А покрај прозорците, можете да ја користите и за чистење огледала“.
– Секоја година се искористуваат хартиени марамчиња вредни неколку милијарди долари, а од дури 17 дрвја се произведува само еден тон хартија – вели таа во своето следно видео.
Иако, додава, и самата придонела за големата потрошувачка на кујнска хартија, сега се обидува да го промени тоа, па на сите им препорачува ракавица од микрофибер, пренесува „The Sun“.