Четири можни причини зошто постојано „паѓате“ на ист тип на маж

popara6 април, 20221min00
1954986595624cb3751fe00355163549_640

Не може да се оспори дека новата врска или љубовен интерес, покрај позитивните чувства, може да предизвика и загриженост – дали ќе успее, дали ви се допаѓа, дали навистина ве привлекува…? Одличната врска може да биде едно од најзабавните и највозбудливите искуства, но патот до неа понекогаш е трнлив.

Има многу пречки што треба да ги надминете за да го пронајдете „вистинскиот“, па еве четири причини зошто го тржите момчето што ви се допаѓа на дистанца:

Вашата верба во љубовта исчезнала

Фокусирањето на сите пречки и на она што може да се случи, апсолутно ќе ве остави слаби и поразени. Сето тоа размислување може да биде исцрпувачко и да ве наведе да мислите дека љубовта е невозможна. Така, за да не се разочарате, можеби ќе одлучите дека ќе ви биде полесно да се откажете или да не се впуштите со целото срце во врската.

Не успевате да одите по она што навистина го сакате

Кога верувате дека љубовта е невозможна и дека планината е превисока, нема да можете да стигнете таму каде што навистина сакате. Се плашите дека навистина би можеле да бидете среќни и дека љубовта може да успее. Од страв и од желба да „играте на сигурно“ излегувате со некој што ве сака. Ако излегувате со некој што ве сака – нема ризик; вие го контролирате исходот. А ако тргнете по она што го сакате, постои ризик – ризик да ви биде скршено срцето, да бидете оставени… Но и ризик да бидете среќни. Ризикот вреди. На крајот на краиштата, придобивките многу го надминуваат ризикот од загуба, па зошто да не вложите сè?

Верувате дека „среќно до крајот на животот“ се однесува само на другите

„Среќно до крајот на животот“ му се случува на секој што ќе одлучи дека никогаш нема да се откаже, што и да се случи. Ова е некој кој ќе преземе ризици и ќе тргне по она што навистина го сака. Личност која секогаш повторно ќе станува по одбивањето, раскинувањето и болката и нема да биде задоволна со статус кво. Универзумот секогаш ги наградува упорните и решителните меѓу нас. Вашиот живот и вашите избори создаваат исход. Затоа, излезете надвор, барајте среќа и направете животот да ви се случи. Топката е на вашиот терен – верувајте во љубовта и направете ја ваша реалност.

Негативноста се појавува кога сме среќни

Лошите работи, нашите маани и проблеми се појавуваат дури и кога сме среќни и единствен начин да го избегнеме тоа е да бидеме во врска со некој кој нè сака, се грижи за нас и кој всушност нè поддржува. Чувството на несигурност, љубомора или избегнување на траума од детството ќе се појави и кога сме среќни. Она што го правиме во врска со тоа влијае на исходот. Врската што ја цениме со некој што го сакаме може да биде прошетка во непознато и сосема ново искуство за нас, но никогаш нема да зажалите. Да, тоа е страшно, но вреди. Затоа, соочете се со вашите стравови и тргнете по личноста што ја сакате, а не по онаа што ја „сте ја добиле“.

Се плашите од она што може да го извади од вас, како и од она што може да го бара од вас. Се плашите од промената што ја носи ова и начинот на кој би ја постигнале, а самата промена е застрашувачка само затоа што е непозната. Но, тоа е и најисплатливото нешто што можете да го направите за себе. Затоа – ризикувајте и тргнете по она што го сакате.