
Инаку, нив ги венчал лажен Елвис во капела во Лас Вегас
Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и музичарот Тревис Скот ја изненадија јавноста кога беше објавено дека се венчале на 4-ти април во Лас Вегас, а таа сега ги објави и првите фотографии.
Комбинациите што ги носеа секако беа необични, со оглед на тоа што ниту тој носеше одело, ниту таа носеше венчаница.
Тапанарот беше во негов стил – кожна јакна и златен ланец, а ни Кортни не беше далеку, со оглед на тоа дека носеше иста јакна и жолт топ со голема апликација.
– Некогаш одамна во една далечна, далечна земја (Лас Вегас), во 2 часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила, кралицата и нејзиниот убав крал се осмелија да отидат во единствената отворена капела со Елвис и се венчаа (без дозвола). Со вежбање до совршенство – напиша таа под објавените фотографии од тајната венчавка.
Погледнете ги фотографиите подолу:









