Меган Флеминг е психолог, а специјализирана е за љубовни врски
Дали некогаш сте се запрашале како можете да го продолжите вашето сексуално искуство? Дали акцијата во креветот може да биде поинаква? Одлична вест е дека постојат вежби кои можат целосно да го променат вашето искуство и во исто време да ја подобрат вашата кондиција.
Најдобрите вежби за жените вклучуваат пилатес и планк, додека мажите треба повеќе да пливаат.
Држењето планк е еден од најефикасните начини да ја зголемите вашата издржливост во спалната соба. За време на оваа вежба напнати се и мускулите на рацете, кои се важни во мисионерската поза и ред други.
Затегнатиот задник води до подобар секс на повеќе нивоа, бидејќи жената изгледа и се чувствува посензуално и секси. Да не зборуваме дека силата во нозете и задникот е корисна за жените кога се во пози на врвот.
Вреди да се напомене дека чучнувањата го зголемуваат протокот на крв во интимната регија, што може да го стимулира вашето либидо, што значи дека оргазмите ќе бидат поинтензивни.
Освен тоа, клучни се и Кегеловите вежби. Тие ги зајакнуваат мускулите, а посилните мускули доведуваат до посилен оргазам.
Меган вели дека не треба да ја запоставуваме јогата.
Според студија од 2010 година објавена во Журналот за сексуална медицина, јогата ги подобрува сите аспекти на сексуалниот одговор, вклучувајќи го и оргазмот.
Освен тоа, јогата има многу придобивки за физичкото и менталното здравје, вклучувајќи го и намалувањето на стресот и незадоволството, пишува „Дејли стар“.