5 идеи за тоа како можете да ја искористите кората од портокал

popara7 април, 20221min00
pomorandza-kora-830x0

Не фрлајте ја кората од портокал, туку искористете ја за разни работи во домот

Портокалите се богати со многу витамини, се користат при подготовка на разни десерти и овошни салати, но може да се користи и нивната кора.

Многу луѓе ја фрлаат кората од портокал веднаш штом ќе го исчистат, но треба целосно да ја искористите.

Постојат неколку начини на кои можете да ја користите кората од портокал, а ние ви даваме пет идеи.

  1. Мирис за плакарот

Во плакарот ставете неколку парчиња кора од портокал за да се ослободите од застарениот мирис. Кога кората ќе се исуши, заменете ја со нова.

  1. Средство за чистење

Во стаклена тегла ставете ја кората од портокал, прелијте со оцет и оставете да отстои во фрижидер преку ноќ. Потоа процедете ја течноста, истурете ја во шише со распрскувач и искористете ја за чистење на подот и прозорците.

  1. Освежувач на воздухот

Прво исушете ја кората од портокал, па сомелете ја и ставете ја во мали платнени кесички кои ќе ги ставите во фиоки и места каде што обично се собира мувла.

  1. Освежете го фрижидерот

Посолете ја кората од портокал, а потоа ставете ја во фрижидер. Солта ќе го апсорбира мирисот и влагата од воздухот во фрижидерот, додека овошјето зад себе ќе остави свеж мирис на цитрус. Кога солта ќе се навлажни, отстранете ја кората и заменете ја со нова ако е потребно.

  1. Отстранете ги дамките од вода

Лесно можете да ги отстраните водените дамки кои се формираат на чешмите така што ќе ги исполирате со внатрешната страна на кората од портокал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma