Проверете дали се вклопувате во просекот: По колку состаноци е идеално време за ПРВОТО водење љубов?

popara7 април, 20221min00
Ljubavni-par-8-2048x1365

Во истражувањето учествувале 5.500 мажи и жени

На прашањето по колку состаноци е „нормално“ да се води љубов за прв пат, секој ќе даде различен одговор.

Во студијата во која учествувале 5.500 американски слободни луѓе, испитаниците одговориле на серија прашања за врските, а едно е поврзано со времето на првиот секс.

И добиените резултати се многу интересни.

Имено, повеќе од 35% од испитаниците изјавиле дека имале најголемо ниво на среќа кога решиле да водат љубов за прв пат по петтиот состанок!

Зошто бројот 5 е толку магичен?

Научниците веруваат дека пет излегувања ни даваат можност барем делумно да ја запознаеме личноста со која се гледаме.

Во тој период веќе можеме да откриеме некои од нивните основни карактеристики – дали се негативни или позитивни, расположени или мрачни, учтиви или груби…

Исто така, до петтиот состанок повеќето луѓе веќе ќе имаат слика во главата дали новиот партнер им одговара или не и дали се согласуваат за најважните работи.

Ако се оди добро до магичниот петти состанок, тогаш водењето љубов е последниот тест за вашиот партнер.

Секако, доколку не сте спремни за интимни односи, вие одлучувате кога и дали ќе ги имате.

Логично, ако ве интересира само „акција“ за една вечер, бројот на излегувања станува неважен.

Сепак, сето ова не значи дека по петтиот состанок е загарантирана среќна романса, а дека овие податоци се релативни најдобро говори податокот дека дури 25 отсто од анкетираните мажи и жени признале дека кај нив сексот за една ноќ се претворил во врска.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma