Се спрема за помалку од 5 минути: Чоколаден колач „од чаша“ кој отсега ќе го правите секој ден

popara9 април, 20221min00
337648_cokoladni-kolac-brauni-shutterstock-1050131234_ff

Кога ќе ви се пријаде нешто слатко и чоколадно, пробајте лесен рецепт за торта за која ви се потребни обични состојки, кои веќе ги имате во кујната. Дополнителен плус е тоа што не ви треба вага или мерна чаша, туку само една обична чаша од 2 dcl.

Состојки:

3 големи јајца
1 чаша остро брашно
1 чаша кисела павлака
половина чаша масло
половина чаша шеќер
половина шолја какао
половина кесичка прашок за пециво
2 лажички екстракт од ванила (или 1 ванилин шеќер)

Подготовка:

Калапот намачкајте го со масло или путер и посипете го со брашно. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

Во еден сад измешајте ги шеќерот, какаото, прашокот за пециво и брашното. Во друг сад измешајте ги јајцата, маслото, павлаката и ванилата, па изматете кратко. Потоа, додајте ги сувите состојки и измешајте во еднолична смеса околу една минута.

Истурете ја смесата во калап.

Печете околу половина час или во зависност од вашата рерна. Колачот е готов кога ќе се одвои од работ на калапот. Прободете го со чепкалка, готов е кога на неa нема остатоци од смесата.

Послужете со чоколаден прелив или сладолед од ванила.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma