ПИТА СО МАЛИНИ! Направете овошно викенд уживање

popara9 април, 20221min00
361222_coffee-4078471-960-720_f

Пролетта пристигна, а тоа е идеално време за правење овошни десерти

Состојки:

400 гр брашно

350 гр малини

200 гр стопен путер

400 гр шеќер во прав

две жолчки

сок од еден лимон

100 гр мелени ореви

малку сечкани бадеми

Подготовка:

Растопете го путерот и изматете го со шеќерот во прав. Додадете ги жолчката и сокот од лимон, па продолжете со матењето.

Во смесата додадете брашно и јаткасти плодови, па измешајте со лажица. Половина од тестото истурете го во претходно подмачкана тава и малку притиснете со раката.

Над тестото се ставаат малини и се рони остатокот од тестото врз малините.

Се пече на 180 степени околу 40 минути. Готовата пита посипете ја со сечканите бадеми и послужете ја со топка сладолед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma