ТИЕ СЕ МАЈСТОРКИ НА СКАНДАЛИТЕ: Едната вади ребра, другата го оперира лицето, третата е подготвена на се за да го задржи…

popara9 април, 20221min00
276019_profimedia0681120178_ls

Семејството Кардашијан одлучи – новата ријалити серија ќе биде полна со скандали

Драма на црвениот тепих – Кардашијан се повторно тука! Синоќа се одржа премиерата на новото реално шоу „Hulu“, каде Кардашијан повторно ќе покажат се што имаат и умеат.

Овој пат ситуацијата се вжештува:

Зад Ким Кардашијан стои гаден развод од Канје Вест кој јавно ја малтретира, а таа го игнорира. И покрај се, таа се гледа со младиот Пит Дејвисон. И на премиерата на новата серија дојде во негово друштво. Облечена во фустан кој потсетува на течно сребро, Ким ја покажа секоја своја облина. Тесниот струк добиен со отстранување на ребрата, а овој пат го истакна и задникот наполнет со импланти – но Ким се однесува како на неа се да е природно.

Kardašijanke

За малку ќе дојдеше до скандал кога најстарата сестра Кортни дојде во придружба на нејзиниот сопруг Тревис Баркер, со кој се омажи неколку дена претходно во Вегас. Иако сите велат дека бракот не е валиден, таа вели дека „срцето и кажало ДА!

Kortni Kardašijan

Облечена во фустан кој го откриваше долниот дел од градите и дел од стомакот, Кортни цврсто го држеше за рака Тревис, кој среќен и задоволен вплови во новото реално шоу, со четирите деца како поддршка.

Само неколку метри подалеку, поранешното момче и татко на трите деца на Кортни, Скот – позираше со млада девојка која ја исполни улогата за таа пригода.

А потоа дојде Клои, придружувана од нејзината ќерка Тру. Клои наводно ја преболела јавната прељуба на Тристан. Сега таа е сама и среќна – и што е најважно, презгодна е. Дека оваа ситуација не и поминала  така „лесно“ сведочи и фактот што целосно го промени лицето.

Kardašijanke

„Не разбирам зошто луѓето велат дека сум направила 3 трансплантации на лице – направив само една операција на носот“, вели Клои, која негира дополнителни естетски промени на нејзиниот изглед.

Мајката, Крис Џенер, чекореше гордо како шефица каква што е. Во розов ансамбл доминираше на црвениот тепих. Иако и самата има направено безброј операции, таа добро се носи со своите години. Во придружба на личното обезбедување, момчето Кори Гамбел гордо им се смешкаше на камерите бидејќи знае едно: нејзините ќерки ќе дадат се од себе за да донесат скандали од нивниот личен живот во шоуто и да направат спектакл!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma