Научниците предупредуваат: Зошто НЕ Е ДОБРО да се пие кафе после непроспиена ноќ?

popara9 април, 20221min00
Kafa-2048x1365

Кофеинот и недостатокот на сон воопшто не одат заедно

Првото утринско кафе е предмет на жестока дебата со децении.

Дали е добро да се пие, кога е идеален „термин“ и која количина е „нормална““

А луѓето никогаш нема да се согласат за тоа, бидејќи будењето со кафе одамна е дел од нашите навики.

Научниците од Универзитетот во Бату предупредуваат дека не треба да пиете кафе наутро без никакви ограничувања. Според нив, секој кој имал немирна ноќ и лошо спиел треба да го прескокне кафето.

Имено, утврдено е дека кафето може да го наруши метаболизмот. Според тоа, пиењето шолја кафе пред појадок и после лош сон може да ја наруши регулацијата на шеќерот во крвта.

За потребите на истражувањето биле испитани примероци од крв на 29 возрасни лица кои учествувале во различни експерименти во текот на три дена.

Појадокот и шеќерот во крвта

За време на студијата, учесниците спиеле непречено една вечер и добиле засладен пијалок со доволно гликоза и калории за да го симулираат појадокот следниот ден.

Втората вечер испитаниците се буделе на секој час и наутро повторно пиеле засладен пијалок.

И по уште една ноќ, во која испитаниците исто така се буделе секој час, 30-тина минути пред засладениот пијалок наутро, добиле дополнителна шолја силно црно кафе, кое содржело околу 300 милиграми кофеин. Редоследот на ноќта бил случаен за секој учесник.

Резултатите од тестовите на крвта покажале дека по дополнителната шолја кафе наутро, нивото на шеќер во крвта било за 50 отсто повисоко за време на појадокот отколку кај другите испитаници, а особено по немирна ноќ.

Иако нивоата на шеќер во крвта во просек се зголемиле кај сите учесници после појадокот, тие не биле толку високи како после кафето.

Џејмс Бејтс, еден од авторите на оваа студија, вели:

– Едноставно кажано, управувањето со шеќерот во крвта е загрозено кога нашиот организам ќе стапи во контакт со кафето наутро, а особено по недоволен сон. Тоа би можеле да го избегнеме ако прво јадеме, а подоцна пиеме кафе, ако сметаме дека сè уште ни е потребно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma