
Познатата манекенка заплови во брачните води.
Данската манекенка и поранешен ангел на Викторија, Жозефин Скривер (28) се омажи за американскиот пејач Александар Де Леон (33), член на бендот „The Caba“, а гала-свадбената церемонија се одржа во одморалиштето Акре во Кабо Сан Лукас, Мексико.
Една од најубавите жени на светот блесна во раскошна венчаница дизајнирана специјално за неа од италијанската модна дизајнерка Алберта Ферети.



Меѓу многуте гости беше и манекенката и ангел на Викторија Јасмин Токс, која беше една од деверушите на венчавката.
Жозефин сакала креацијата да биде со сирена крој и изработена од луксузна тантела, што дизајнерката го направила. Невестата носеше и долг превез и два ѓердани со потпис на дизајнерот Логан Холовел.
Како што пишува Дејли Мејл, Жозефин подоцна се пресоблекла во исто така волшебна комбинација, а изненадувањето било бело здолниште од тантела, искомбинирано со горен дел во форма на корсет.


„Засекогаш и секогаш! Те избирам тебе! Не ми се верува дека сега можам да те наречам сопруг!“, напиша на Инстаграм новопечената госпоѓа Де Леон.